Алкараз го прегази Шенг и закажа осминафинален меч против Србин

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на првиот грен-слем турнир на сезоната, Австралија Опен откако славеше против Јунченг Шенг во меч кој кинескиот тенисер го предаде.

Младиот Шпанец првите два сета ги доби со 6-1 и 6-1, а поведе и со 1-0 по само седум секунди игра во третиот сет пред Шенг да се пожали на повреда.

Во следната фаза Алкараз за противник ќе го има Србинот Миомир Кецмановиќ кој во драматичен меч славеше со 2-3 (6-4, 3-6, 2-6, 7-6 (9-7) и 6-0) против фаворизираниот Томи Пол.

Се вчитува...