Познато е колку ќе отсуствува Мо Салах од терените

Фудбалерот на Ливерпул и член на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах ќе ги пропушти следните два натпревари за неговата репрезентацијата на Афричкиот куп поради повреда, потврди фудбалската федерација на Египет.

Салах заработи повреда на задната ложа на натпреварот против Гана (2-2) во кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме и нема да биде дел од тимот за средбата против Зеленортските острови и можното осминафинале.

„Повредата на Мо Салах поради истегнување на мускулот на задната ложа значи дека тој ќе мора да ги пропушти следните два натпревари на Афричкиот куп против Зеленортските острови и осминафиналето во случај на квалификување“, стои во соопштението на фудбалската федерација на Египет.

Се вчитува...