Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен откако лесно славеше против Јунченг Шенг експресно добивајќи ги првите два сета, а Кинезот поради повреда мораше да се повлече во третиот сет.
Алкараз во оваа победа го собори рекордот на Бјорн Борг и сега е најмлад тенисер кој седум пати играл во осминафиналето на грен-слем турнирите, но овој рекорд воопшто не го интересира Шпанецот. Тој пак има други цели кои се поврзани со Новак Ѓоковиќ.
„Не им придавам важност на вакви рекорди бидејќи единствени кои ме интересираат, кои сакам да ги соборам се оние кои ги држи Новак. Тоа се цели кои сум си ги зацртал во кариерата“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

