Јокиќ блесна во чест на прерано починатиот Милојевиќ па доби пофалби од Малоун: Затоа е најдобар…

Денвер Нагетс предводен од Никола Јокиќ стигна до 29. победа во сезоната откако славеше на тешкото гостување кај Бостон со 100-102. Србинот одново беше блиску до трипл-дабл учинок, овој пат проследен со 34 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

Овој е првиот натпревар на Јокиќ по ненадејната смрт на неговиот ментор Дејан Милојевиќ кој на 46-годишна возраст го загуби својот живот по срцев удар. За величината на Јокиќ на пресконференцијата за медиуми по натпреварот говореше неговиот сегашен тренер Мајк Малоун.

„Последните денови го поддржував, го тешев, го гушкав кога требаше. Не можам да бидам погорд откако одигра ваков натпревар по смртта на Деки. Само што загуби некој кој многу го сакаше, некој кој многу му значеше, му беше ментор и тренер. 

Му оддаде почит со нивото на кое одигра. Тоа не е лесно со така тешко срце, но Никола е посебна личност. Беше неверојатно да го гледам како игра по ваков случај, поготово ако земете во предвид против кој игравме. Затоа е најдобар на светот“, изјави Малоун.

Се вчитува...