Шведски тренер кој се бори со неизлечива болест има желба да го води Ливерпул – Клоп сака да му ја оствари

Славниот шведски фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон откри за шведските медиуми дека се бори со тешка болест и дека нема повеќе од година дена преостанато за живот. Покрај тоа ја откри и големата желба која никогаш не му се остварила – да биде тренер на Ливерпул, желба која стигна и до тренерот на „црвените“ Јирген Клоп.

Навивачите на Ливерпул покренаа иницијатива Ериксон да седне на клупа за хуманитарниот натпревар помеѓу легендите на Ливерпул и Ајакс, а германскиот стратег Јирген Клоп отиде и чекор понатаму повикувајќи го Швеѓанецот да го превземе неговото место барем на еден ден.

„Неодамна дознав дека целиот живот бил навивач на Ливерпул, а слушнав и за идејата да го води тимот на легенди на Ливерпул. На тоа не можам да влијаам. Единствено што можам да кажам е дека е апсолутно добредојден да дојде тука и да ја превземе мојата работа на еден ден ако сака. Воопшто нема проблем. Нека седне на моето место, ќе му покажеме како клубот се разви последните години. Само нека дојде, ќе си поминеме убаво заедно, верувам во тоа“, вели Клоп.

Зад 75-годишниот Ериксон е богата кариера во која беше дел и од тимови како Бенфика, Рома, Лацио, Фиорентина, Манчестер Сити, репрезентацијата на Англија…

Се вчитува...