„Топчиите“ им се вратија на победите: Прегазен Кристал Палас со 5-0

Арсенал стави крај на серијата од два порази во низа откако во 21. коло славеше во лондонското дерби против Кристал Палас со 5-0.

„Топчиите“ натпреварот го отворија уште во 11. минута преку Габриел, а веќе во 37. минута имаа предност и од два гола откако сопствената мрежа ја затресе ХендерсонТосар на асистенција на Габриел Жесус стрелаше во 59. минута за 3-0, а Мартинели со два гола во судиското продолжение ги постави конечните 5-0.

Со денешниот триумф Арсенал се изедначи на второто место на табелата со Манчестер Сити и Астон Вила, но од овие два клуба „граѓаните“ имаат натпревар помалку. Кристал Палас пак останува во вториот дел од табелата со пет бода предност пред „опасната зона“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...