Ал Етифак замената за Хендерсон ја најде во Евертон

Саудискиот клуб Ал Етифак оваа зима остана без големото летно засилување Џордан Хендерсон кој по само шест месеци се пресели во редовите на Ајакс. Прволигашиот веќе започна потрага по неговата замена, а изборот падна на нов фудбалер од Премиерлигата.

Станува збор за играчот од средниот ред на Евертон, Абдулаје Докуре кој игра во одлична форма за англискиот прволигаш, пренесуваат англиските медуми.

Евертон кој се наоѓа во тешка ситуација сезонава по десетте одземени бодови, а и допрва може да добие дополнителна казна поради прекршување на финансискиот фер-плеј нема намера лесно да се откаже од еден од најдобрите играчи, но на крајот можат да пресуди богата понуда од саудискиот клуб.

Се вчитува...