Се шегуваше на своја сметка: Погледнете ја реакцијата на Манарино по двата сета против Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ полесно од очекувањата се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен. Во дуелот против Французинот Адријан Манарино рекетот број еден славеше со убедливи 3-0 и тоа без загубен гем во првите два сета.

Французнот не можеше да биде задоволен од прикажаното, но и покрај катастрофалниот ден остана неговата смисла за хумор. На крајот на вториот сет седна на клупата, погледна кон своите тренери и со рацете направи две нули на очите алудирајќи на резултатот со што стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...