Паника во Манчестер Сити: Саудијците „загризаа“ за Кевин Де Брујне

Кевин Де Брујне важи за еден од најзначајните фудбалери на Манчестер Сити. Белгискиот репрезентативец ги засили „граѓаните“ во 2015 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот на Пеп Гвардиола, предводејќи го англискиот тим во најзначајниот дел во клупската историја.

Неговиот договор во Премирелигашот истекува на крајот на следната сезона, а со оглед на интересот кој го има од богатите клубови од Саудиска Арабија кои му нудат на 32-годишникот 50 милиони евра плата по сезона активиран е „црвениот аларм“ во Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.

Пеп Гвардиола веќе го информирал раководството на тимот дека продолжување на неговиот договор е од највисок приоритет со цел да се намали интресот и да се избегне можна преселба во Саудиска Арабија.

Се вчитува...