Мурињо под еден услов ќе го превземе Ал Шабаб

Португалскиот стартег Жозе Мурињо доби отказ од Рома и покрај тоа што на „волчицата“ и го донесе првиот европски трофеј во историјата освојувајќи ја Конференциската лига, а сезоната подоцна играше и во финалето на Лига Европа, но се чини дека нема долго да остане без анагажан.

За неговите услуги сериозно заинтересиран е Ал Шабаб од Саудиска Арабија кој веќе започна преговори со Португалецот, но експресно доби негативен одговор. Сега е обелоденета и причината за ваквата одлука на искусниот стратег и таа се темели на амбициите на Мурињо и неговата желба тимот да состави амбициозен тим со европски играчи.

Мурињо веќе изјави дека еден ден ќе седне на клупа на тим од Саудиска Арабија, но очекувано, за да се случи истото богатите Саудици прво ќе мораат да ги задоволат неговите потреби.

Се вчитува...