Серијата од три победи во низа на Вашингтон Стејт на Андреј Јакимовски заврши на вечерашниот натпревар против Калифорнија во кој македонскиот интернационалец беше лидер на својот тим, но претрпе пораз од продолжение од 81-75.
Македонецот помина 43 минути во игра и имаше извонредна партија забележувајќи 20 поени при четири реализирани обиди за три поени. Покрај тоа додаде и седум скокови и три асистенции.
По 19 одиграни натпревари Вашингтон Стејт има скор од 13 победи и 6 порази со кои е на 5. место на петтото место со заостанок од само една победа од лидерот Аризона во Пацифик-12 дивизијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА