Рајковиќ и ЦСКА со нов убедлив триумф во ВТБ лигата

ЦСКА Москва предводена од македонскиот стратег Емил Рајковиќ стигна до 20. победа во ВТБ лигата откако во 23. коло славеше со убедливи 80-70 против Уралмаш Екатеринбург.

Фаворитската улога московскиот тим ја потврди уште од самиот старт на натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 29-20, а и покрај тоа што гостите успеаја да стигнат до своја предност во втората четвртина на полувремето резултатот гласеше 53-49. Тимот на македонскиот стартег продолжи да го диктира темпото и во второто полувреме, а сите дилеми за победникот беше решение во последната четвртина во која се врати двоцифрената предност.

Рајковиќ и ЦСКА остануваат лидери на првенството со три победи повеќе од второпласираниот Уникс Казањ за кој пак настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Се вчитува...