Драма: Шефилд даде гол од пенал во 103. минута за реми со Вест Хем

Шефилд Јунајтед и Вест Хем одиграа драматичен дуел што заврши без победник, 2-2, исход од кој дефинитивно позадоволни ќе бидат гостите ако се знае дека до ремито стигнаа со гол постигнат од пенал во 103. минута.

Избраниците на Дејвид Мојес се мачеа да го скршат отпорот на мотивираните домашни фудбалери, иако Вест Хем поведе во првиот дел преку Корне, но Шефилд експресно одговори израмнувајќи со деби-голот на Бреретон во 44. минута.

Гостите од Лондон се обидуваа да стигнат до победнички погодок и на крајот успеаја во тоа, Ворд-Прауз беше прецизен од белата точка откако Дени Ингс беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Се чинеше дека Вест хем ќе стигне до трите бода, а потоа почна лудилото, најпрвин Шефилд остана со играч помалку по бруталниот старт на Брустер, а во судиското продолжение со играч помалку останаа и гостите откако исклучен беше и Куфал (по два жолти картони).

Во 96. минута беше досуден пенал за домашниот тим, голманот Ареола се повреди при стартот за пенал и на крајот мораше да биде заменет, неговата замена Фабијански не успеа да го запре ударот од белата точка, па Мекбурни во 103. минута спаси бод за „фенерџијата“ на овој натпревар.

Се вчитува...