Пропадна трансферот на Трипие во Баерн Минхен

Киран Трипие нема да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен откако баварскиот гигант не успеа да најде заеднички јазик во преговорите со Њукасл за трансферот на десниот бек.

Тухел даде зелено светло за овој трансфер и се чинеше дека и Трипие е заинтересиран за преселба во Минхен, но тогаш дојде потешкиот дел од задачата – преговорите со Њукасл. Премиерлигашот јасно стави до знаење дека во предвид доаѓа само перманентен трансфер, инсистирајќи на отштета од 15 милиони евра за искусниот дефанзивец.

Сумата не е премногу висока, но и Трипие бараше плата од 10 милиони евра по сезона (најмалку на 18 месеци), па баварците решија дека инвестиција од над 30 милиони евра зa фудбалер што веќе има 33 години.

Тухел инсистира дека му се потребни нови играчи во тимот, а дополнителен притисок за сите во Баерн ќе донесе поразот на домашен терен од Вердер (0-1).

Се вчитува...