Во Алмерија бесни: Некој друг реши дека не смееме да победиме на „Сантијаго Бернабеу“

Огромни се фрустрациите во таборот на Алмерија откако „фенерџијата“ на табелата беше ограбен од судиите, кои му помогнаа на Реал Мадрид со пресврт во вториот дел да постигне три гола, оној третиот во 99. минута и да стигне до победата.

Неколку ВАР-одлуки одеа против аутсајдерот на овој натпревар, а директно влијание над резултатот имаше огромната грешка на ВАР-абритрите и главниот судија, да го признаат голот на Винисиус што Бразилецот дефинитивно го постигна со рака.

„Некој реши дека ние не смееме да победиме на „Сантијаго Бернабеу“ денеска. Тоа е она што се случи, што го видоа сите, немам што друго да додадам“, изјави разочараниот дефанзивец на Алмерија, Марк Пубил.

Се вчитува...