Медведев и Хуркач им се приклучија на четвртфиналистите на Австралија Опен

Рускиот тенисер Данил Медведев ја оправда фаворитската улога и со победа од 3-1 над Португалеот Нуно Боргес се пласираше во четвртфиналето на првиот грен-слем турнир во сезоната, Австралија Опен.

Медведев го доби првиот сет со 6-3, а потоа и тај-брејкот во вториот со 7-4 за предност од 2-0. Боргес намали на 2-1 добивајќи го третиот сет со 7-5, но Русинот не дозволи изедначување. Беше убедлив во четвртиот сет славејќи со 6-1 со што се пласираше во следната фаза.

Таму за противник ќе го има Полјакот Хуберт Хуркач кој слаевше против францускиот тенисер Артур Казо со 3-0 по два тај-брејка (7-6(8-6), 7-6(7-3) и 6-4).

Се вчитува...