Погледнете го новиот блесок на Јокиќ за сезонски рекорд (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до 30. победа во НБА лигата. Српскиот интернационалец на натпреварот против Вашингтон постигна 42 поени што за него е рекорд на досегашниот дел од сезоната, а додаде и 12 скокови, осум асистенции, три блокови и две украдени топки, без загубена топка.

Србинот ги излуде противниците со асистенциите, погоди 15 од 20 обиди од игра, а и реализираше 12 од 14 слободни фрлања па доби и овации од домашната публика.

Се вчитува...