ФОТО: Чурлинов е во Гелзенкирхен, се очекува промоцијата во Шалке

Нема веќе дилеми, Дарко Чурлинов се враќа во таборот на Шалке, и ќе го носи дресот на овој клуб најмалку до крајот на сезоната. Барнли и германскиот тим се договорија за позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп од 2,5 до 3,5 милиони евра.

Чурлинов беше дел од Шалке во сезоната 2021-2022, а потоа замина во Барнли. Германија му е позната средина, со оглед дека играше и за Келн и Штутгарт.

Македонскиот репрезентативец оваа сезона не беше пријавен за настап во Премиерлигата на Англија, и не запиша ниту еден настап, по што се реши да бара нова средина.

Се вчитува...