Трагедија во Африка: Шест лица загинаа во славјето на победата на Гвинеја

Фудбалската федерација на Гвинеја, повика на смирување на страстите откако шест лица загинаа во славјето на победата на оваа земја во Африканскиот куп на Нации кој се одржува во Брегот на Слоновата коска.

Гвинеја успеа да ја победи селекцијата на Гамбија со 1-0, што беше причина илјадници луѓе да излезат на улиците и да го прослават првиот триумф во групната фаза, но славјето се претвори во трагедија, откако загинаа шест лица.

Беше тоа прва победа на Гвинеја од 2012 година. Федерацијата ги повика навивачите да слават достоинествено и без никакви инциденти.

Се вчитува...