Обрадовиќ не знае дали ќе остане во Партизан: Уживам во сево ова, но…

Беше изненадување фактот што најтрофејниот тренер во Евролигата, Србинот Жељко Обрадовиќ ја прифати понудата од Партизан да го води овој тим. И минатата сезона беше блиску до пласман во Ф4, откако го водеше тимот на Реал Мадрид со 2-0 во серијата, и тоа со две победи во Мадрид, но на крајот „кралевите“ успеаја со три врзани победи да се пласира на завршниот турнир.

Обрадовиќ пред гостувањето во Атина, даде интервју за грчките медиуми во кое кажа за својата иднина, односно дали ќе остане во Партизан, со кого има договор до крајот на сезоната.

„Не знам, навистина што да кажам. Уживам во сево ова, навивачите ни веруваат, имаме 24 бодови, како да имаме 50. Таа доверба тешко се стекнува. Но, до кога ова ќе трае, навистина не знам“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...