Поранешниот фудбалски судија Матеу Лахоз проговори по повод вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, кога имаше неколку спорни одлуки, и на крајот сите беа досудени во корист на Реал Мадрид.
Лахоз не се согласува само со пеналот кој беше досуден за Реал Мадрид, кога наводно имаше игра со рака од страна на играч на лмерија.
„Судијата требаше да ја види целата ситуација, а не само дел од неа. Не може да се дозволи ниту судиите од ВАР собата да го пропуштат тој дел, а тоа е фаулот од Хозелу. Тука не треба да има пенал. Не може на судијата да му дадете само реприза од крајниот дел, туку треба од целата ситуација“, рече Лахоз.
Тој рече дека голот на Алмерија бил оправдано поништен, а имаше свое мислење и за голот на Винициус, во кој наводно играчот на Реал играл со рака.
„Според мене, требаше да ја види ситуацијата повеќе пати и од повеќе агли. Вака немаше добра проценка“, рече Лахоз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

