Гостивар го совлада турски Бозокспор на „тест“ во Анталија

Екипата на Гостивар беше подобра од турскиот нисколигаш Бозокспор со 2-0 на контролниот меч одигран на подготовките во Анталија. Двата гола за гостиварци беа дело на Лахре Кехинде во првото полувреме.

Кехинде првиот гол го постигна во 30. минута, а само девет минути подоцна зголеми на 2-0 за својот тим, што беше и конечен резултат.

Во првиот меч одигран во Анталија, Гостивар беше поразен од Ујпешт со 1-2.

Се вчитува...