Откако претходно стана јасно дека тренерот на ЦСКА, Емил Рајковиќ ќе биде дел од Ол стар спектаклот во Русија, сега таа привилегија ќе ја има и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Димитријевиќ ја доби поддршката по гласањето од новинарите во Русија, а настанот ќе се одржи во Москва на 18 февруари. Димитријевиќ доби 19 поени од медиумите, што беше најголем број на поени за еден кошаркар.
На Ол старот ќе учествуваат уште и Тома Ертел, Трент Фрејзер, Девон Пурсел, Ројс Хам, Антон Астапковиќ.
До крајот остануваат уште две нивоа на гласањето, односно сега ќе гласаат тренерите на сите екипи во ВТБ Лигата а потоа раководството на ВТБ лигата ќе ги одбере уште последните шестмина кошаркари учесници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА