Лидерот на Втората лига, Беса продолжува со одличните настапи и во пријателските натпревари откако во денешниот меч против Тетекс славеше со 4-2.
Беса прва поведе на средбата, но Тетекс успеа да стигне до изедначување до крајот на првото полувреме, а потоа на почетокот на второто и да дојде до целосен пресврт за 2-1. Сепак во само две минути, стрелајќи во 82 и 83 минута Беса го доведе резултат во своја корист, а потоа со гол во судиското продолжение и го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА