Бобан Николов стрелец во победата на Кишварда над Мура

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се запиша во листата на стрелци за Кишварда во победата над словенечката Мура од 3-1 во пријателскиот натпревар во пресрет вториот дел од сезоната.

Македонецот го отвори натпревар со гол во 43. минута по што унгарскиот тим ја завери победата со головите на Чамај и Спасиќ во 59. и 74. минута. Поразот го ублажи Спасојевиќ кој ја затресе мрежата за Мура во 85. минута.

Се вчитува...