Легендарниот француски напаѓач, Карим Бензема изминатото лето направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија, но по само шест месеци ќе го напушти Ал Итихад и ќе се врати на европскиот фудбал. Икусниот голгетер се поврзуваше со трансфер во повеќе клубови, но според последните информации од Франција голема е веројатноста дека ќе се врати на добро познато место.
Интерес за негов ангажман изразил неговиот поранешен клуб Лион каде ги помина младинските категории и заплива во професионалниот фудбал. Сега 36-годишникот настапи на 148 натпревари за францускиот клуб од 2004 до 2009 година пред да се пресели во Реал Мадрид.
Но, за трансферот да се реализира, за разлика од летото кога Бензема ги избра парите, овој пат ќе треба да ја избере лојалноста со оглед на тоа што Лион не може да си ја дозволи платата која ја прима во моментот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА