Македонскиот олимписки комитет закажа Редовно Изборно Собрание

Македонскиот олимписки комитет денеска информираше дека се пристигнати пет барања за Вонредно собрание по кое претседателот Даниел Димивски свика Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 8 февруари со почеток од 18 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Соопштението на Македонскиот олимписки комитет ви го пренесуваме во целост:

„До

Членовите на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија

Предмет: Редовно Изборно Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија

Почитувани,
Заклучно со денес, пристигнаа 5 (пет) барања за Вонредно Собрание и врз основа на тоа Претседателот свикува Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 08 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар “Јане Сандански“, Бул.АСНОМ 1, 1000 Скопје.

Во прилог, како работен материјал за Собранието, Ви ги доставуваме Записникот од последното редовно Собрание, Дневниот ред и Критериуми за избор на Претседател.

Со почит,
Канцеларија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија“, стои во соопштението.

Се вчитува...