Артуро Видал се врати во Чиле и потпиша за Коло Коло

Искусниот Артуро Видал се врати во родниот Чиле откако потпиша со великанот од оваа земја Коло Коло.

Видал кој има 36 години и во кариерата играше за гиганти како Јувентус, Баерн, Барселона и Интер, во минатата сезона беше во бразилски Атлетико Паранаенсе.

Тој во Коло Коло ќе го носи дресот со број 23. Видал во кариерата успеа да стигне до две титула на Копа Америка со репрезентацијата на Чиле.

Се вчитува...