ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Чурлинов се врати во Шалке 04

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов се врати во Шалке 04 каде што ќе биде на позајмица од Барнли до крајот на сезоната 2023/24.

Чурлинов ќе биде на позајмица во Гелзенкирхен до крајот на сезоната по која Шалке може да го откупи договорот на нашиот репрезентативец од Барнли.

„Дарко е токму таков играч што сакавме да доведеме во зимскиот трансфер период. Никогаш досега не сум видел играч толку мотивиран и подготвен за предизвик како што е тој сега“, изјави спортскиот директор на Шалке, Марк Вилмотс. 

Чурлинов, кој ја помина сезоната 2021/22 исто така во Шалке не го крие задоволството за враќањето во Гелзенкирхен.

„Задоволен сум што се враќам во Шалке, секогаш останав во контакт со клубот и навивачите. Сакам сега да му оддолжам на клубот за нивната верба во мене – по можност со голови, асистенции и, пред сè, со победи“, изјави Чурлинов. 

Се вчитува...