Фудбалерите на Гана нападнати од новинари по елиминацијата на АФКОН

Фудбалската репрезентација на Гана шокантно беше елиминирана од Африканскиот куп на нации по ремито 2-2 со Мозамбик.

Тие беа вербално и речиси физички нападнати во микс зоната дури и од новинари од Гана, разочарани и лути што тимот на овој начин го заврши натпреварувањето.

Мозамбик успеа да го шокира фаворизираниот ривал со голови во судиското надополнување, да избегне пораз и да ја повлече и Гана кон елиминација. Но, не се памети дека еднаш, некаде, новинарите вака „полудеа“ и направиле непријатнос на својот тим на местото каде што требаше да земат изјави од фудбалери.

Новинарите вербално ги нападнаа играчите на Гана додека минуваа во микс-зоната и за малку ќе дојдеше до физичка пресметка.

Се вчитува...