Реал Мадрид е во исчекување на конечната одлука на Килијан Мбапе, но Флорентино Перез во меѓувреме продолжува успешно да потпишува нови договори со клучните првотимци на „кралевите“.
Винисиус повлече нога, по него нови договори потпишаа и Родриго, Валверде и Камавинга, а денеска потпис на договорот до 2028 година со најтрофејниот еврпоски клуб стави и Едер Милитао. Во случајот на Бразилецот е исклучително важно да се каже дека Реал му понуди нов договор со зголемена плата иако Милитао цела сезона е надвор од терените по тешката повреда на коленото што ја заработи во август минатата година.
Тоа не му пречеше на Перез да му испрати понуда што не се одбива, по што екс-фудбалерот на Порто денеска потпиша договор со кој ќе остане во Мадрид до јуни 2028 година, со клаузула за расакин од огромна една милијарда евра.
Следен на листата играчи кои наскоро ќе потпишат нов договор со Реал е голманот Тибо Куртоа, кој исто како и Милитао е повреден од самиот старт на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

