Официјално: Мадрид добива своја трка во Формула 1

Денеска и официјално беше потврдено – шпанската метропола Мадрид од 2026 година и официјално ќе се најде на календарот на Формула 1 организирајќи трки од елитното тркачко натпреварување се до 2035 година, според договорот што беше потпишан меѓу челниците на Ф1 и градските челници на Мадрид.

Трката ќе се вози на патека долга 5,4 километри, околу изложбениот центар Ифема кој се наоѓа меѓу шпанската престолнина и аеродромот Барахас. Патеката ќе има 20 свиоци, а организаторите најавија дека трката ќе има капацитет за да прими вкупно 110.000 навивачи.

Трката за Големата награда на Шпанија од 1991 година севози во Барселона на патеката Каталуња, чиј договор со Ф1 истекува во 2026 година. Како што јавува БиБиСи, вклучувањето на Мадрид не значи и експресно бришење на Барселона, бидејќи челниците на Формула 1 сериозно ја разгледуват опцијата за две трки на шпанско тло.

Последната трка во Формула 1 во Мадрид се возеше во 1991 година.

Се вчитува...