Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов се врати во за себе добро познатата фудбалска средина во која пред неколку години остави извонреден впечаток поради што следеше преселбата во Барнли.
Сега повторно доаѓа во Шалке 04 чии челници не кријат дека се пресреќни што во своите редови повторно ќе го имаат македонскиот напаѓач.
„Со Дарко добиваме токму таков играч каков што баравме во овој трансфер период. Тој е бестрашен, сака да се соочува со противниците и ќе не направи понепредвидливи. Никогаш претходно не сум видел играч толку мотивиран и подготвен за предизвик. Знаеме дека Дарко секогаш дава од срце максимум за овој тим, и знаеме дека ќе ги плени и тимот и навивачите. Сигурен сум во тоа откако разговарав лично со Дарко, но и поради сите информации што ги собравме за него“ – истакна директорт на Шалке, Марк Вилмотс за време на денешната официјална промоција.
Пофални зборови за Чурлинов не штедеше и тренерот Карел Гераертс.
„Неговата креативност во играта ќе донесе многу што за нас како опции. Разговарав лично и со тренерот на Барнли кој ми потврди дека Дарко максимално тренирал со тимот во последните три месеци и дека играл и за резервите и е максимално подготвен. Тоа и самите го увидовме преку тестовите“ – рече Гераертс.

Дарко, по денешната официјална промоција, веќе го одработи и првиот тренинг со Шалке 04…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

