Вечното грчко кошаркарско дерби помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос донесе и две повреди на едни од најважните кошаркари на грчките евролигаши. А, за разлика од Никола Мулутинов кој ќе паузира во следните пет недели, далеку подобро помина Костас Слукас.
Искусниот грчки плејмејкер во текот на натпреварот почувствувал неугодност во левото рамо кое и во минатото му задаваше големи проблеми. Слукас го пропушти второто полувреме од грчкото дерби во кое неговиот тим славеше победа, а нема да биде дел од тимот и во следните десет дена.
Деталните лекарски прегледи открија полесна контузија која ќе го спречи Гркот да настапи на следните натпревари против Макаби Тел Авив во Белград и Аполон Патрон на домашната сцена. Очекувањата се дека би можел да се врати уште на првиот натпревар против Олимпија Милано од престојното двојно коло во Евролигата во кое покрај со италијанскиот тим Панатинаикос силите ќе си ги одмери и со Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА