Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ ќе биде тренер на селекцијата на Европа која ќе игра ревијален меч против Хрватска во Загреб на крајот на престојното лето, во чест на легендарниот Дражен Петровиќ.
За ова зборувал братот на Дражен, Ацо Петровиќ во еден поткаст во Хрватска.
„Можам да ви дадам една ексклузива, може полека да почнам да ја откривам. На почеток на февруари во Загреб ќе имаме пред конференција, а тема ќе биде Дражен Петровиќ. Основа е репрезентацијата на Хрватска да одигра меч против селекција на Европа. А знаете ли кој ќе ја води таа селекција на Европа? Нормално, најтрофејниот европски тренер“, рече Ацо Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

