Реал Сосиедад прв полуфиналист во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Со победата над Селта во Виго, Реал Сосиедад е првиот учесник во полуфиналето на Купот на Кралот во Шпанија. Сосиедад на крајот славеше со 0-2, со тоа што постигна по еден гол во првото и во второто полувреме.

Ојарзабал во уште во 2. минута на асистенција на Мерино донесе предност за гостите. И покрај обидите на Селта да израмни и да се врати во мечот, сите надежи ги згасна Бекер со гол во 66. минута носејќи 0-2. Де ла Торе во 92. минута само успеа да постигне почесен гол за Селта и да ог ублажи поразот.

Другите 1/4 финални парови се Атлетик Билбао – Барселона, Мајорка – Жирона и Атлетико Мадрид – Севилја.

Се вчитува...