Медведев преку Хуркач во полуфиналето во Австралија

Данил Медведев не дозволи изненадување во 1/4 финалето на Австралија Опен, иако против себе го имаше расположениот тенисер Хуберт Хуркач. Рускиот тенисер пројде во следната фаза после четири часа тенис и победа од 3-2, во сетови 7-6, 2-6, 6-3, 5-7 и 6-4.

Публиката веќе навикна на долги мечеви кога игра Медведев, а така беше и овојпат. Сепак, овој меч можеше да трае и пократко, доколку Русинот не правеше грешки и не му дозволуваше на противникот да се враќа.

Во првиот сет направи брејк уште на почетокот, но го испушти во шестиот, па со само еден мини-брејк успеа да го добие сетот. Убедлив одговор стигна од Хуркач во вториот сет, а потоа Медведев врати со ново водство. Во претпоследниот нова драма. И повторно имаше брејк во првиот гејм, но повторно го испушти за драма на крајот па уште еден кикс за ново израмнување. Конечно, во петтиот сет го доби 6-4, иако малку недостасуваше и тука Хуркач да направи брејк во осмиот гем. Сепак, хаотичната игра на Дани Медведев на крајот немаше последици по него.

Медведев во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Зверев – Алкараз.

Се вчитува...