Ник Кирјос призна дека е пред одлука да ја заврши кариерата, што предизвика шок за сите љубители на тенисот. Во најновата колумна Австралиецот најави дека разговарал со менаџерот за идните потези, и дека е блиску до одлука да стави крај на кариерата.
Кирјос се мачи со повреди, и поради тоа не настапува на овогодинешниот Австралија Опен, и со тоа веќе е поблиску да донесе одлука да се повлече од играњето на тенис.
„На крстосница сум во кариерата и дојдов до точка каде што веќе почнав да размилсувам за живот после тенисот. Затоа и разговарав со менаџерот кој ми кажа дека би можел да патувам во светот и да заработувам од коментирање на спорт, да правам интервјуа за ток-шоу програма со лица како Гордон Ремзи или Мајк Тајсон. Стварноста е дека дел од мене знае дека моето време за спорт можеби е истечено, и тоа е сосема во ред“, изјави Кирјос.
Тенисерот кажа дека нема да учествува на престојните Олимписки игри во Париз, поради тоа што не му било дозволено да игра на ОИ во Рио Де Жанеиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

