Македонскиот интернационалец Енис Барди и натаму е на излезна врата од Трабзонспор. Турските медиуми пишуваат дека во изминатите неколку дена, Трабзон добил две понуди за потписот на играчот од средниот ред.
Не е откриено од кого и колкави се понудите за потписот на македонскиот репрезентативец. Неговиот договор со Трабзон истекува идното лето.
Изминатите месеци имаше доста шпекулации за трансфер на Барди. Клубови од Италија, Шпанија и САД се меѓу заинтересираните, а најконкретно беше дека би можел да заврши во тимот на Кардиф во Чемпионшип. Се претпоставува дека една од понудите е токму од оваа екипа за позајмица до крајот на сезоната и евентуален откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

