Екс-репрезентативец на Македонија со трансфер во Евролигата

Басконија мораше да се врати на пазарот за да ангажира нов плејмејкер откако Американецот Чиоза заработи сериозна повреда и ќе мора да отсуствува подолг период од терените. Во таква ситуација, тренерот Ивановиќ и клупските директори разгледуваа неколку опции и на крајот го избраа поранешниот репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор, за нов член на Басконија.

Преговорите беа интензивирани во последните 24 часа и на крајот завршија со целосен договор, Теодор утрово потпиша за шпанскиот клуб до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Американскиот плејмејкер доби македонски пасош во 2017 и настапуваше неколку собири во репрезентативниот дрес. Тој доаѓа во Басконија од францускиот шампионат каде го носеше дресот на Булоњ и имаше просек од 13,3 поени и 3,9 асистенции по натпревар.

За Теодор овој трансфер претставува камбек во Евролигата каде во сезоната 2017/18 со успех настапуваше во дресот на Емпорио Армани, имајќи просек од 11,6 поени и 4,7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...