„Влегува кошаркар во соблекувална насмеан со златни заби и сјајни дијаманти…, дечко личиш на кловн“

Еден од најуспешнтие полски кошаркари Марчин Горцат кој помина 12 години во НБА лигата во разговорот за „Хупс Хајп“ говореше на повеќе теми поврзани со најсилното кошаркарско првенство.

Една од темите на која говореше Полјакот кој настапуваше за Орландо, Вашингтон, Феникс и Лос Анџелес Клиперс беа разликите во културата помеѓу Европејците и Американците.

„Евопејците сите имаме слични култури кои покажуваат кои сме. Имаме исти вредноси, шеги и сите можеме да ги видиме истите проблеми и ситуации во соба. На пример, имаше ситуација кога влегува еден кошаркар во соблекувална насмеан со златни заби и сјајни дијаманти. Сите околу сметаат дека тоа е нормално, а ги гледам до мене Јан Весели или Томас Саторански како се чудиме што е тоа. Ликов личи на кловн. Носи златни заби. Пресмешно.

Следно, гледаме афроамерикански тренер како влегува со својата супер широка облека како костум. Личи како кеса за компири. „Што ли е ова“ мислиме. Правиме шеги на негова сметка како дечко можеш да направиш три костими од ова. Каков идиот.

Ние Европејците ги гледаме овие разлики. Разговараме за исти работи како пример натпреварите во Премиерлигата, дербито на Барселона и Реал Мадрид, имаме сличности за кои сме сите заинтересирани“, открива Горцат.

Се вчитува...