ТФТ Скопје убедливо на гостувањето против ФМП Академија

Кошаркарите на ТФТ Скопје без апсолутно никакви проблеми триумфираа со 62-90 на гостувањето против ФМП Академија во првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

ТФТ Скопје ја оправда фаворитската улога уште од самиот почеток на дуелот наметнувајќи победнички ритам кој на крај беше крунисан со убедлива победа. Гостите уште првата четвртина ја добија со 10-28 по што беше сосема јасно како ќе заврши натпреварот.

Во продолжението само рутински ја одржуваа предноста и дополнително зголемуваа за на крај убедлив триумф.

Зафиров со 19 поени беше најефикасен кај ТФТ, а извонреден беше и Хаутон со „дабл-дабл“ ефект од 14 поени и 12 скока. Калхун мечот го заврши со 15 поени и осум скока, а Николов заврши со 13 постигнати поени дополнети и со пет скока. Кај домашните се издвои Нилд со 20 поени.

ТФТ Скопје сега со 24 бода е на делба на втората позиција со Работнички и Пелистер, но и со натпревар повеќе од нив. ФМП Академија остана на претпоследната позиција на табелата, единствено пред Вардар, со три победи и сега веќе 12 порази.

Се вчитува...