Баерн Минхен славеше со 1-0 на дуелот против Унион Берлин, меч што ќе остане запаметен по големиот инцидент кога гостинскиот тренер Ненад Бјелица влезе во конфликт со домашниот играч Лирој Сане при еден аут за баварскиот гигант.
Бјелица на крајот замавна со раката кон лицето на Сане, за што доби директен црвен картон од судијата, но во изјавата по мечот хрватскиот стратег јасно стави до знаење дека и фудбалерот на Баерн е виновен за несаканата случка.
„Не реагирав онака какошто требаше како тренер. Она што го направив не беше во ред, јасно ми е дека не требаше да биде толерирано и дека заслужив да бидам исклучен. Сепак, треба да се разбере дека бев испровоциран. Јас не одев никаде, бев во мојот простор, сакам да ја земам топката и да му ја дадам на Сане. Тој ме истурка во мојот простор, провоцираше, секако дека јас ќе реагирам. Тоа е како некој да ви влезе во вашата соба за да ве провоцира, никој нема да молчи“, изјави Бјелица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

