Баерн Минхен потешко од очекувањата го совлада тимот на Унион Берлин со 1-0, а тренерот Тухел има причина за загриженост по повредите што ги заработија двајца стандардни првотимци. Дајо Упамекано го повреди мускулот во првото полувреме, се обиде да продолжи но мораше да биде заменет на паузата, додека во вториот дел принудно теренот го напушти и Конрад Лајмер.
Првите прегледи не донесоа добра вест за Тухел, и кај двајцата фудбалери станува збор за истегнување на мускулите, што ќе значи сигурно пропуштање на неколку натпревари. Упамекано ќе паузира најмалку три седмици, додека кај Лајмер повредата е нешто полесно и тој ќе биде „во аут“ само петнаесетина дена.
Двајцата ќе ги пропуштат следните два меча со Аугсбург и со Борусија Менхенгладбах, а останува да се види дали Упамекано и Лајмер ќе се рехабилитираат навреме за големото дерби со Баер Леверкузен закажано за 10 февруари, меч што би можел да се покаже и решавачки во трката за титулата.
Повреда на истиот натпревар заработи и капитенот Џошуа Кимих, кој мора да оди на специјалистички преглед на рамото пред да биде утврдено колку ќе мора да отсуствува од терените.
Баерн моментно се наоѓа на второто место на бундеслигашката табела, со четири бода заостанување зад „фармацевтите“ од Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

