Карлос Алкараз важи за најдобар млад тенисер во светот, Шпанецот успеа да мине и кратко време на врвот на АТП-листата, по што почна се почесто да говори за темата „уривање на Новак Ѓоковиќ“, на само од светскиот ранкинг, туку и за рекордите што Новак ги постави со децении макотрпна работа, а Алкараз преоптимистично најавува дека е пдготвен да ги достигне.
Реалноста е сосема поинаква, откако последниот пораз од Александар Зверев во четвртфиналето од Австралија Опен само потврди дека младиот Шпанец се наоѓа во сериозна резултатска криза, која почна од – еден болен пораз од Новак Ѓоковиќ.
Станува збор за Матерс-турнирот во Синсинати, каде Алкараз замина полн со самодоверба по освоениот трофеј на Вимблдон по победата над Ѓоковиќ. Во финалето повторно против себе го имаше Србинот, имаше и водство од 1-0 во сетови и брејк во вториот сет, но тогаш Новак воскресна, не само што се врати, туку со голем пресврт стигна и до победата.
Резултатите велат дека од тој пораз во Синсинати, Алкараз веќе не личи на оној тениски џин што е недопирлив за ривалите. Впрочем, потврда за тоа е фактот дека во последните пет месеци тој не само што не освои ниту еден трофеј, туку и не успеа да стигне до ниту едно финале.
На УС Опен играше полуфинале каде беше декласиран од Данил Медведев, следеше Пекинг каде во полуфиналето загуби од Синер, а потоа на Матерс-турнирот во Шангај беше поразен од Григор Димитров. Сензација беше неговиот пораз на Мастерсот во Париз од Роман Сафијулин, а на завршниот турнир во Торино Алкараз налета на расположениот Ѓоковиќ, кој во полуфиналето лесно го демолираше со 6-3, 6-2.
Новата 2024 година почна со пораз од Зверев во четвртфиналето од Австралија Опен, неколку дена откако Алкараз храбро изјави дека тој е „чудото што ќе го запре Ѓоковиќ во Мелбурн“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

