Поранешниот тенисер број еден во светот, Џон Мекинро кој сега ја врши улогата на стручен коментатот на „Еурорспорт“ во кратко интервју за хрватскиот медиум „Индикс“ говореше на повеќе теми поврзани со „белиот спорт“, а неизбежни беа и пофалбите на сметка на Новак Ѓоковиќ.
Според харизматичниот Американец, Србинот не е само еден од најголемите тенисери на сите времиња, туку тој е еден од најголемтие спортисти ставајќи го во рангот на Мајкл Џордан.
„Луѓето може да го мразат или да го сакаат, но за мене тој е еден од најголемите, не тенисери, туку спортисти во историјата. Има неверојатни физички предиспозиции, а така ментално подготвени спортисти има многу многу малку. Желбата за победа, интензитетот на неговата игра… тоа е се импресивно. За мене тој е во иста категорија како Мајкл Џордан“, вели Мекинро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

