Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица е суспендиран на три првенствени натпревари и казнет со 25.000 евра поради инцидентот со Лерој Сане.
Тренерот на берлинскиот тим во еден миг имаше конлфикт со крилниот напаѓач на „Баварците“, при што беше исклучен, а сега фудбалската федерација на Германија ја одреди и висината на казната.
Покрај оваа казна, се шпекулира дека Унион Берлин ќе му врачи и отказ на Хрватот.
Бјелица наводно по инцидентот им се извинил на своите играчи, но не и на самиот Сане. Бјелица кажа дека бил турнат од Сане во мигот кога сакал да му ја врати топката, по што тренерот изреагирал. Самиот фудбалер, пак, демантираше изјавувајќи дека само отишол по топката, по што неочекувано бил нападнат од тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

