Одбраната на Баерн Минхен дополнително ќе биде ослабена, откако на вчерашниот меч против Унион Берлин, се повреди и Дајот Упамекано. Тренерот на Баерн Томас Тухел, соопшти дека Упамекано ќе го нема во составот во следните неколку недели.
Сега Тухел остана само со Де Лихт и со Даер како стопери, со оглед дека се повредени и Ким Мин-Хае и Мазрауи. Токму од тука Баварците мораа да прават рокади и така Лајмер да игра на десната бековска позиција.
Проблем за Тухел прави и повредата на Серж Гнабри, па така во следните неколку меча Баерн ќе има проблеми, а во моментов заостанува четири бодови од првото место кое го држи Баер Леверкузен, тим кој и натаму не знае за пораз во Бундеслигата. Баерн го чекаат и предизвици во Лигата на шампионите против Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

