Беше фудбалер и селектор, а Шевченко сега стана претседател на украинскиот фудбал

Поранешниот украински напаѓач и екс селектор на оваа земја Андреј Шевченко, одбран е за претседател на фудбалскиот сојуз на Украина. Шевченко добил 93 од 94 гласа на конгресот н федерацијата во Киев, а самиот Шевченко не си дал глас себе си.

Шевченко ја прекина кариерата во 2012 година откако играше за Динамо Киев, Милан и Челси. Тој ќе го замени Андриј Павелка кој се соочува со судење поради обвинувања за малверзации.

Шевченко е најдобар стрелец на Украина на сите времиња со 48 гола на 111 натпревари. Водејќи ја Украина како селектор ја однесе до 1/4 финалето на ЕП 2020 година.

Се вчитува...