Репрезентативецот Ваљон Етеми нов член на Коњаспор

Екипата на Коњаспор е новиот клуб на репрезентативецот Ваљон Етеми. Тој стигна во овој клуб од Истанбулспор, а договорот е позајмица до крајот на сезоната, и има клаузула за евентуален откуп на крајот на сезоната.

Етеми играше во Истанбулспор од 2021 година, а претходно беше дел од Кукеси и Адриатику. За македонскиот национален тим забележа четири настапи, без постигнат гол.

Коњаспор е екипа која ќе води грчевита битка за опстанок во турскиот шампионат. Во моментов тимот е на претпоследната позциија со 21 бод, исто колку и Карагумрук, а еден помалку од Пендикспор и Хатајспор. Истанбулспор е последен со само 10 бодови.

Се вчитува...